Што е тоа ИМУНИТЕТ? Што е тоа ИМУНИТЕТ?
Човечкото тело има повеќе начини за одбрана од нападите на штетните микроорганизми. Сепак, дел од нив навлегуваат во телото и почнуваат да се размножуваат.... Што е тоа ИМУНИТЕТ?

Човечкото тело има повеќе начини за одбрана од нападите на штетните микроорганизми. Сепак, дел од нив навлегуваат во телото и почнуваат да се размножуваат. Тогаш се вели дека организмот е инфициран!

Тој веднаш реагира и ја пушта „војската“. А, војниците се викаат – бели крвни зрнца. Тие може да поминат преку ѕидот на крвните садови и да „шетаат“ низ телото. Се собираат на местото на напад и ги уништуваат предизвикувачите на инфекцијата така што ќе ги „проголтаат“ во себе.

Ако организмот е во добра кондиција тој ќе се одбрани мошне успешно и ние нема да почувствуваме ништо. Но, ако е заслабнат или пак, напаѓачот е мошне силен, тогаш ќе се разболиме. Телото ќе го вклучи „црвениот аларм“ и целиот организам се става во друг режим на функцонирање. Дишењето се забрзува, се покачува телесната температура, се исклучуваат системите што трошат многу енергија, па малаксани остануваме в постела.

Ако лекарот процени дека организмот ќе успее сам да се избори ќе ни препорача да одмораме, да земаме повеќе течности и витамини, но и да сркнеме по некоја лажичка од супата на баба. Ако пак, смета дека на нашето тело му треба помош, тогаш ќе ни препише некое сирупче или таблети.

Заклучок: Имунитет е способноста на организмот да се брани од разни микроорганизми или отрови. За да имаме подобар имунитет најважно е здраво да се храниме и да престојуваме колку што е можно повеќе на чист воздух!

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.