Уште колку животи и останаа на оваа мачка? РИС, убавец од македонските шуми Уште колку животи и останаа на оваа мачка? РИС, убавец од македонските шуми
Тешко е да се каже кој ја носи титулата за најзгодната мачка на светот. Дали е тоа Гарфилд, мачорот Том, Мачорот во чизми, Силвестер... Уште колку животи и останаа на оваа мачка? РИС, убавец од македонските шуми

Тешко е да се каже кој ја носи титулата за најзгодната мачка на светот. Дали е тоа Гарфилд, мачорот Том, Мачорот во чизми, Силвестер или пак, Хелоу Кити? Сепак, со сигурност знаеме која мачка е најголема во Македонија. Тоа е рисот, Балканскиот рис! Подвид на евроазискиот.

Висок е околу 60 сантиметри, а долг околу еден метар. Го препознаваме по неговите исправени уши кои завршуваат со влакнести перчиња. Неговото крзно е жолтеникаво, прошарано со потемни точки или линии. Има мошне остар вид и слух, што му помага во ловот. Лови во мракот или преку ноќта.

Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнал од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Според некои статистики, на целата територија на Македонија вкупниот број на рисови е приближно 35.

Рисот е животно кое е заштитено со закон во Македонија. Законот за ловство го дефинира рисот како дивеч и го категоризира како заштитен дивеч, а неговиот лов е трајно забранет.

Балканскиот рис е национален симбол на Македонија и се наоѓа на монетата од пет денари.

Згодна му е фризурата, зарем не?

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.