(ВИДЕО) Со овие зрна кафето останува топло неколку часа (ВИДЕО) Со овие зрна кафето останува топло неколку часа
Ако сакате вашето кафе, млеко или чај, да останат топли и по неколку часа ќе ве израдува веста дека група американски научници создадоа метални... (ВИДЕО) Со овие зрна кафето останува топло неколку часа

Ако сакате вашето кафе, млеко или чај, да останат топли и по неколку часа ќе ве израдува веста дека група американски научници создадоа метални зрна кои го овозможуваат токму тоа.

Според зборовите на експертите, зрната наречени “Coffee Joulies”, овозможуваат пијалокот да остане топол цели пет часа. Но, тоа не е се.

Овие паметни зрна метал имаат „моќ“ и да го разладат жешкиот пијалок три пати побрзо отколку што тоа би се случило ако садот го оставиме на собна температура.

Станува збор за посебен тип метал кој што почнува да омекнува кога ќе се најде во течност со температура од 60 степени и ја апсорбира топлинската енергија. На тој начин почнува да ја лади содржината. Кога пак, ќе се најде во средина со ниска температура, зрната се стврднуваат и испуштаат поголема количина топлинска енергија. Така вашиот омилен пијалок почнува да се загрева.

Користењето, велат научниците, е мошне едноставно. Се што треба е да се стават неколку зрна во чашата штом ја ставите течноста. И тоа е тоа!

За повеќе детали погледнете го приложеното видео.

Наш избор:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.