(ВИДЕО) Најстуденото место на светот, училиштето затвора само ако е постудено од – 50!


Дали е тоа Јелоунајф во Канада, каде смрзнувачките ветрови редовно ја држат температурата под -30 Целзиусови степени?
Или е Уланбатор во Моголија, каде почвата мора прво да биде одмрзната пред да се изврши погреб?
Или пак, е тоа Јакутск во Русија, каде само на неколку вида авиони им е дозволено да слетуваат?
На сите овие места студенилото е точка на гордост, каде смрзнувачките температури не само што се толерираат, туку и се слават.
Но, кој е навистина најстудениот град на Земјата?
Информатичката служба на Светската метереолошка организација е местото од каде изминативе 30-години се следат климатските состојби во целиот свет.
Иако е најстуден град во Северна Америка, Јелоунајф сепак не е најстудениот град на светот.
Најстудената постојано населена човечка населба се смета дека е Ојмјакон во Русија, место со 500 луѓе кои се борат за егзистенција на температури кои паѓаат и до -67 Ц степени.
Таму училиштата ги затвораат вратите само ако температурата падне под -52 степени.
Погледнете во видеото како е да се живее во Ојмјакон: