(ВИДЕО) Секое суштество има право на живот, конструирана инвалидска количка за риби

Иако повеќето од нас рибите не би можеле да ги замислиме како домашни миленици, споредувајќи ги со бушавите и меки четвороножни палавковци, што постојано сакаат да се мазат, има и такви кои би сториле сѐ за своите миленици од аквариумот. Еден од нив е модниот дизајнер, Хенри Ким, кој откако се соочил со загуба на неколку златни рипки поради болест на рибниот меур, орган кој им помага правилно да пливаат и да ја одржуваат длабочината, решил да направи „инвалидско помагало“ со кое ќе им го продолжи животот. Го нарекол „инвалидска количка“. Успешно го тестирал и веќе го применил кај неколку болни и  повредени рипчиња. Единките со заболен меур може да живеат само неколку месеци, но со овој пронајдок ќе имаат долг живот. Во продолжение можете да видите како функционира:
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.