Казуарите се големи птици кои не можат да летаат,но можат да трчаат со брзина од 50 километри на час, сродни се со ему птиците.
Возрасен казуар може да биде висок и до 2 метри, додека просечната висина се движи од 127 до 170 см. Мажјаците можат да тежат до 55 килограми, а женките до 76 килограми. Нивните три остри канџи достигнуваат и до 12 сантиметри во должина, а ова воедно е и единствената птица на светот која има некаков вид на заштитен оклоп со кој ја заштитува својата глава при трчањето во шумата.
Дождовните шуми на североисточниот брег на Австралија, Нова Гвинеја и Индонезија се прибежиште на околу 1.500 преостанати Големи казуари во дивината. Во зоолошка градина не може да ги најдете, бидејќи се премногу агресивни и не поднесуваат живот во заробеништво.