ХИПНОЗА; Порта кон длабочините на умот

Кога се зборува за хипнозата најчесто помислуваме на безчувствителни лица, со ладни и вкочанети погледи,  подготвени да сторат нешто за кое ги „програмирал“ некој лош чичко. Тоа е погрешното светло за хипнозата. Така е бидејќи претставувањето на оваа техника најчесто се среќавало во книги за вештерки или самовили, но како и преку цртани или играни филмови. Но, вистината за хипнозата е нешто сосема поразлично. Станува збор за наменско предизвикување на природна состојба на потполна мускулна и ментална опуштеност. Целото тело и умот се максимално релаксирани. Во оваа пријатна состојба личноста е потполно свесна за се што се случува со неа и во нејзината околина. Од хипнозата може да се излезе секогаш, кога ќе се посака. Во состојба на хипноза личноста е мошне поотворена за сите сугестии кои не ги загрозуваат нејзините морални, лични и животни ставови. Со други зборови, хипноза претставува свесно предизвикување на состојба на длабока опуштеност со цел да се оствари комуникација со подсвесниот дел на умот.
Хипнозата не е: – состојба во која некој се однесува како „зомби“, без емоции и чувства – состојба во која личноста не слуша и не чувствува што и се случува – состојба во која некој ве контролира и ви наметнува туѓа волја – „серум на вистината“
Дали секој може да биде хипнотизиран? Секако, но постојат неколку исклучоци: ментална заостанатост, длабока старост, некои видови на умствена оштетеност…и тоа е тоа. Со други зборови, ако хипнотизерот ја има дозволата од некоја личност, работата е завршена. Зошто се користи хипнозата? Најчесто се користи како помошно средство при третман на стравови или фобии, за контрола на стресот, за ослободување од потиснати чувства или емоции…