Струја од чоколадо! Гана конструира електроцентрали на какао

Универзитетот во Нотингем, Велика Британија, ќе финансира конструирање на генераторски систем во Гана, кој лушпите од какао ќе ги претвора во био-гориво, пренесува „Инхабитат“. Иницијативата е поведена од група изтражувачи од Гана, која е еден од најголемите производители на какао. Ако овој начин, со употреба на „зелено“ гориво, се покаже како успешен, се очекува да се обезбедат нови работни места, почиста животна средина и одличен енергетски ресурс за африканската држава во која со електрична енергија се снабдени само 15% од руралните средини.