26/10/2021

Неколку интересни факти за делфините

Делфините важат за едни од најомилените животни меѓу луѓето, па во продолжение издвојуваме неколку интересни факти за нив.

  • Делфинот е единствениот цицач кој при раѓањето, излегува со опашката наместо со главата.
  • Делфините не мирисаат пријатно.
  • Младите делфини остануваат со својата мајка во период од 2 или 3 години.
  • Делфините имаат 2 стомаци. Првиот ја складира храната, а во вториот се одвива варењето на храната.
  • Делфинот може да нурне до 1.000 метри длабочина.
  • Грбната перка на секој делфин е уникатна и ја користат за меѓусебна идентификација.
  • Делфините можат да пливаат со брзина до 40 км на час долго време. За споредба, ова е околу 3 пати побрзо отколку најбрзиот човек во светот.
  • Просечниот животен век на делфинот е 17 години. Сепак, некои од нив кои биле забележани во дивината имале околу 50 години.
  • Повеќето видови на делфини живеат во солена вода, но некои од нив напредуваат и во слатка вода.
  • Делфинот треба да добие воздух во различни интервали. На некои им е потребен на секои 20 секунди, на други само на секои 30 минути.
  • Поврзаноста на делфините во групата е многу силна. Тие биле забележани како се грижат за болните, старите и повредените членови со огромна посветеност.
  • Иако тие обично имаат благ темперамент, може да бидат и агресивни.
  • Тие се во состојба да гледаат и во вода поради уникатниот начин на собирање на светлина во мрежницата.
  • Мозокот на делфинот е втор по големина споредено со големината на телото. Прв е човечкиот.
  • Возрасен делфин јаде до 30 килограми риба дневно.
  • Делфинот има околу 100 заби. Ги користи за да го зграби својот плен, но не го џвака. Сета храна ја голта цела.
  • Делфинот може да скокне до 20 метри во воздух.
  • Китот- убиец е најголемиот член на семејството делфини. Тие достигаат и до 30 метри во должина.
  • Кожата на делфинот е многу деликатна и лесно може да се оштети при контакт со други површини.
  • Boto“ се најголемите делфини, кои може да живеат во слатка вода. Достигнуваат до 10 метри.
  • Делфините често користат кружна тактика за лов.
  • Само една страна од мозокот на делфините спие. Ова им овозможува да бидат во можност да дишат и да забележат потенцијални опасности додека се одмараат.
  • Делфини уживаат во дружење и играње. Тие играат со алги или со други членови на групата. Понекогаш, и со другите живи суштества во водата.
  • Глобалното затоплување продолжува да биде проблем за делфините, затоа што значајно ја намалува и уништува нивната храна.
  • Делфините може да мигрираат до водни површини кои имаат соодветна температура и храна.
  • Применуваат различни методи на исхрана.
  • Повеќето од нив се вклучени во соработка и синхронизација со другите членови на групата. Ретко ловат сами.
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.