23/04/2021

Зошто авионите се најчесто бели?

Најважна причина за постоење на големи бели површини на авионите е потребата од нивна заштита од топлинското и ултравиолетовото зрачење од Сонцето. Патничките авиони мака мачат кабината да остане доволно ладна, особено кога е потребно да влезат или да излезат патниците на некој аеродром во тропските предели. Заради тоа, блескавата бела боја помага барем дел од сончевите зраци да се одбијат назад во атмосферата. Покрај топлината, деловите на авионот, направени од специјални материјали, се мошне чувствителни на силни ултравиолетови зрачења, кои се многу посилни на големите височини.
Copy Protected by Chetan's WP-Copyprotect.